Гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за Ормуската Теснина одложено за следната недела

Гласањето закажано за вчера во Советот за безбедност на ОН за нацрт-резолуцијата поднесена од Бахреин за отворање на Ормуската Теснина, блокирана од Иран, е одложено до следната недела, објавија дипломати.

Кина, која како постојана членка на Советот за безбедност има право на вето, јасно го искажа своето несогласување со употребата на сила.

Состанокот за гласање за 15-те членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ги и петте постојани – САД, Русија, Франција, Велика Британија и Кина, беше презакажан за денеска, но на крајот беше одложен до следната недела. Не е објавен датум.

Откако првата верзија на нацрт-резолуцијата наиде на отпор од Кина и Русија, Бахреин предложи омекната верзија.

Back to top button
Close