СДСМ се вклучија во изборите во Бугарија, гледаат да им се допаднат таму наместо на македонските граѓани, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека ја кочи европската интеграција на државата, оценувајќи дека станува збор за политичка реторика и обид за додворување кон странски фактори.

Според него, ваквите тврдења се дел од, како што рече, „меките политики“ на опозицијата кои, наместо да ги штитат националните интереси, се насочени кон надворешни политички центри.

„Па не знам како сме го блокирале европскиот пат, но таа реторика на СДСМ ја знаеме. Тоа е мекото ткиво на македонскиот идентитет. Тоа се тие мекотелни политики“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека не сака да се вклучува во предизборни процеси во соседството, но обвини дека СДСМ активно учествува и преку своите ставови се обидува да се позиционира пред бугарската јавност, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close