Пендаровски: Не гледам дека во блиска иднина ќе има промени во политиките за проширување на ЕУ

„Не гледам дека во блиска иднина ќе има промени во политиките за проширување на ЕУ“, изјави поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Во обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: можности и предизвици“, Пендаровски порача дека војната во Украина е катализатор за европската безбедност и за нејзината надворешна политика, вклучително и проширувањето, но дека ЕУ не успеа да постави нови стандарди на тој план.
Кристоф Бендер, потпретседателот на Европската иницијатива за стабилност, пак, порача дека патот кон ЕУ за целиот регион е најдобар со целосно членство во Унијата.






