Македонските тенисерки загубија од Мароко во БЏК купот

– Македонската женска тениска репрезентација претрпе пораз и во четвртиот дуел од групата Б од Втората Евро-африканска зона на Били Џин Кинг купот што се игра во Бања Лука. Нашиот тим денеска загуби од Мароко со 3:0.

Повторно највозбудлив беше мечот на прворангираните тенисерки во кои играа Сара Митевска и Јасмине Кабај. По 130 минути тенисерка од Мароко славеше со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6 во тајбрејкот 10:8 на поени). Во вториот сет Сара Митевска во тајбрејкот имаше и две сет топки, но не успеа да ги реализира.

Инаку, Мароко поведе со во мечот откако Ана Митевска загуби од Диае Ел Жарди со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1), додека во мечот во двојки Јана Божиновска и Зара Зафировска беа совладани со 2:0 во сетови од Салма Лудили и Чита Себер.

Со денешниот пораз Македонија го освои последното место во групата што значи и испаѓање од оваа зона и следната година нашиот тим ќе игра во Третата Европска зона. Утре преостанува да се одигра и мечот за пласман.

Во вториот дуел од групата Бугарија го совлада Египет со 3:0.

Првото место во групата го освои Бугарија со 4-0 (победи-порази), пред Јужна Африка 3-1, Мароко 2-2, Египет 1-3 и Македонија 0-4.

Бугарија и Јужна Африка утре ќе играат за пласман во Првата зона, а противниците ќе бидат познати по завршувањето на мечевите од групата А: Грција – Финска и БиХ – Кипар.

Во оваа група Грција е прва со четири победи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close