И Алисон заминува од Енфилд?

Според пишувањето на Газета дело Спорт, постои можност бразилскиот голман Алисон Бекер да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и да направи трансфер во Јувентус. Клубот од Торино како и претставници на Алисон веќе имале преговори, кои биле оценети дека имаат позитивна насока.

Тоа би значело дека Алисон би застанал на голот на Јувентус и да биде важна алка во обид клубот да стигне до шампионската титула.

Бразилскиот голман сезонава во два наврати беше повреден и имаше 34 настапи за Ливерпул, а притоа при 36 голови, а на 13 натпревари неговата мрежа мируваше. Тој во моментов е на списокот на повредени.

Алисон беше еден од клучните фактори во освојувањето на пехарите во Ливерпул, а од шампионскиот тим заминување летово како слободни играчи најавија Мохамед Салах и Енди Робертсон.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close