Синер и Алкараз сигурни во четвртфиналните мечеви на Мастерсот во Монте Карло

Двајцата први фаворити за финале на Мастерсот во Монте Карло Јаник Синер и Карлос Алкараз во два сета постигнаа победи во денешните четвртфинални мечеви, додека нивните ривали Александер Зверев и Валентин Вашеро победија по три сета игра.
Синер го победи Феликс Оже-Алисиме со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4), додека Алкараз беше уште поубедлив и го совлада Александер Бублик со 2:0 во сетови (6:3 и 6:0). Противник на Синер ќе биде Зверев, кој го совлада Жоао Фонсека со 2:1 во сетови (7:5; 6:7(3) и 6:3), додека ривалот на Алкараз, Вашеро беше подобар од Алекс Де Минаур со 2:1 во сетови (6:4; 3:6 и 6:3).
Утре во полуфиналето први на терен ќе се појават Зверев и Синер, а потоа е мечот меѓу Алкараз и Вашеро






