Багаи: Сè уште нема одлука дали Иран ќе учествува во преговорите со САД во Пакистан

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмил Багаи за државната телевизија ИРИБ изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука дали Иран ќе учествува на мировните преговори со САД.
– Причината е јасна, ова не е прашање на неодлучност. Се соочуваме со контродикторни пораки, недоследно однесување и неприфатливи потези од страна на САД, наведе Багаи.
Тој ги посочи нападите на САД врз иранските бродови и блокадата на Ормуска Теснина.
– Овие американски потези претставуваат пиратство на море и државен тероризам, особено кога станува збор за двата ирански брода, истакна Багаи, додавајќи оти таквото однесување „ги доведува во прашање“ намерите и сериозноста на САД.
Тој потенцира дека „дипломатскиот процес мора да биде ориентиран кон резултати“ и кога Иран ќе процени дека условите се исполнети „ќе ја донесе потребната одлука“.






