Трендафилов објави колку работници земаат просечна плата во Македонија

Објава на Фејсбук на Слободан Трендафилов, претседател на Сојуз на синдикатите на Македонија

Колку работници имаат плата во висина на просечната плата ?

2025 година :

Јануари – 0 работници

Февруари – 5 работници

Март – 0 работници

Април – 2 работници

Мај – 0 работници

Јуни – 10 работници

Јули – 7 работници

Август – 11 работници

Септември – 0 работници

Октомври – 5 работници

Ноември – 6 работници

Декември – 0

Или, во цела 2025 година, плата во висина на просечната плата земале 46 работници.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Една просечна плата покрива 67% од вредноста на Синдикалната минимална кошница која изнесува 68.797 денари.

Треба ли да се бориме за зголемување на платите на работниците ?

 

 

 

Back to top button
Close