Узурпирани над 4.000 квадрати земјиште во сопственост на ЕСМ кај Дебар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 32-годишен жител на Дебар, поради сомнение за узурпација на недвижности.

Според полицискиот билтен, станува збор за земјиште со површина од 4.320 квадратни метри, на катастарска парцела во КО Дебар и КО Езеро Шпиље, во сопственост на АД „ЕСМ“ Скопје.

 

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Џ.Ц.(32) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, на катастарска парцела во Катастарска општина Дебар и Катастарска општина езеро Шпиље, во сопственост на АД „ЕСМ“ Скопје, узурпирал земјиште со површина 4.320 м2

Back to top button
Close