МВР: Нема незаконско постапување при одбивањето влез на британски државјани на Табановце

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди не утврдил незаконско постапување при одбивањето на влез на четворица државјани на Обединето Кралство на Граничниот премин Табановце на 6 мај годинава.

Постапката била покрената по објава на социјална мрежа, каде британски државјанин објавил видео на англиски јазик во кое тврдел дека му бил одбиен влезот во државата, а изнел и наводи за поткуп

По извршените проверки, од МВР информираат дека на 6 мај на ГП Табановце за влез во државата се пријавило возило со странски регистарски ознаки управувано од британски државјанин, заедно со уште тројца сопатници, исто така државјани на Обединетото Кралство.

 

— реклама —

 

При граничната контрола било утврдено дека за возилото недостасувала задолжителната документација потребна за влез во државата согласно законските прописи, поради што не им било дозволено да влезат со возилото.

 

— реклама —

 

Одделот за внатрешна контрола извршил увид и во снимките од видео надзорот на граничниот премин, како и во боди камерите на полициските службеници.

„Утврдено е дека странските државјани во ниту еден момент не влегуваат во некој од објектите на преминот. Исто така, од анализата на видео материјалот не се констатирани околности што укажуваат на противправно постапување или друго незаконско однесување од полициските службеници“, соопшти МВР.

Back to top button
Close