Сиљановска-Давкова за наводната шпионажа: Надлежните органи ќе го кажат првиот и последниот збор

Јас објаснив дека и да сака некој да посегне по шпионажа, која секогаш се однесува на класифицирани податоци, не може тоа да го стори, бидејќи кабинетот нема, ниту практикува електронска мрежа на класифицирани податоци, истакна денеска од Штип претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која одговараше на новинарски прашања поврзани со случајот со вработен во нејзиниот кабинетот, кој медиумите го нарекоа „шпионска афера“.
-Тоа е прво, значи тешко може да речеме дека се работи за шпионска афера- рече Сиљаноска-Давкова.
Таа истакна дека веќе дала одговор, и не само таа, туку и другите институции оти не е точно дека кабинетот не ги дал видеоснимките.
-Дојдоа службите за внатрешни работи, си го направија тоа што го направија. Ниту сум присуствувала таму, ниту сакам да се мешам во активности-изјави Сиљановска-Давкова.
Што се однесува на прашањето дали некоја земја од НАТО Алијансата се има интересирано за овој случај, претседателката Силјановска-Давкова со одговор „зошто би се заинтересирал некој од НАТО, следниот ден беше адмиралот од Неапол присутен и не знам зошто некој би се заинтересирал за нешто што вака се одвива е спротивно на Законот за кривична постапка“.
-Значи, да потсетам, Законот за кривична постапка не ги покрива само јавните обвинители, туку и сите нас, вклучувајќи ги и новинарите. Предистражната постапка, која што постои значи е тајна и ниту треба да се споменуваат замислени личности, па дури и да се опишуваат нивните карактеристики, затоа што тоа е спротивно и да се даваат податоци на Закон, ниту пак нешто да се третира како случај. Случај настанува во моментот кога предистражната ќе прерасне во истражна. Значи ниту Јавното обвинителство, уште еднаш кажувам збунета сум, ако Јавното обвинителство кое треба да постапува тајно –даваше изјави во весници за контактките со Министерството за надворешни работи. Значи во системот има поделба на власта работите секој што е надлежен да си ги врши-вели Сиљановска-Давкова.
Претседателката Сиљановска-Давкова рече дека како кабинет сториле тоа што им било презентирано.
-Меѓутоа ниту шпионажа тој кажа и сега комуникација поврзана за говори, за соопштенија е предмет или нешто со што може да се шпионира, тогаш еве нека го направат тоа. Значи вие во прашањата, всушност имавте одоговор и јас не можам да го потврдам вашиот одговор и мислам дека одговорот ќе го добиеме, доколку има, се покрене постапка. Во меѓувреме можете да ги прашувате министерството за внатрешни работи, како надлежно, не знам дали Јавното обвинителство треба во овој момент да комуницира, а ние секогаш се колнеме во владеење на правото, ама потоа од некои други причини претпоставувам го рушиме кредибилитетот, дури понекогаш и сопствениот-изјави Сиљановска-Давкова.
Претседателката Сиљановска-Давкова додаде дека е мирна и одговорна за овој случај.
-Меѓутоа надлежните органи ќе го кажат и првиот и последниот збор, а ова во предистражна постапка не е време за зборување, особено од оние кои се должни да ја почитуваат тајноста и јас сум една од тие-подвлече Сиљановска-Давкова.






