Мурињо потпиша тригодишен договор со Реал

Португалскиот стратег Жозе Мурињо потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид, објави попладнево реномираниот портал „Атлетик“.

Според истиот извор, Мурињо потпишал договор со Реал Мадрид минатата недела и се враќа во Кралскиот клуб 13 години по неговиот прв ангажман на „Сантијаго Бернабеу“.

Мурињо имаше уште една година од договорот со Бенфика, но и откупна клаузула од само три милиони евра во договорот, која мораше да се активира до 25 мај.

Иако сегашниот претседател на Реал, Флорентино Перез, е во изборен процес, Мурињо потпиша договор мадридскиот гигант до 2029 година, наведува „Атлетик“.

Португалскиот тренер официјално ќе биде претставен ден по претседателските избори во Реал, закажани за 7 јуни, на кои Перез е голем фаворит за победа пред неговиот против кандидат Енрике Рикелме.

Мурињо на клупата на Реал ќе седне на местото на Алваро Арбелоа, кој ја презеде функцијата од Чаби Алонсо во јануари.

Back to top button
Close