Несреќа ја потресе Македонија, 20-годишно момче итно пренесено во болница


Дваесетгодишно момче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во скопската населба Илинден.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај 2026 година околу 23 часот.

Судирот се случил на улицата „34“ во Илинден, помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот А.С., и мопед кој го управувал 20-годишниот П.С., двајцата од населбата Илинден.

Во несреќата потешко настрадал возачот на мопедот, кај кого во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините за судирот се утврдуваат.

Back to top button
Close