(ВИДЕО) 40 пожарникари гаснат пожар во трговскиот центар „Енјуб“ во Белград повеќе од два часа

Голем пожар избувна рано утринава во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград, при што повеќе од два часа трае акцијата за негово локализирање.

Според информациите на Танјуг, на терен се ангажирани околу  35 пожарникари со 11 противпожарни возила и една цистерна, кои се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон околните објекти.

Густ чад се издигнал над трговскиот центар, а пожарникарите интервенирале и со кран за да го изгаснат пожарот што го зафатил покривот на зградата.

Полицијата го обезбедила местото на настанот и целосно ја блокирала улицата од двете страни, додека пристапот до објектот е забранет. Во близина се собрале и поголем број граѓани кои ја следат интервенцијата.

Пожарот бил пријавен во 5:56 часот утринава. Засега нема официјални информации за повредени лица, а надлежните служби продолжуваат со активностите за целосно ставање на пожарот под контрола.

Back to top button
Close