СП 2026: За првиот бод на Куросао најзаслужен голманот Рум

Репрезентацијата на Курасао го освои првиот бод на Светско првенство откако ноќеска со Еквадор одигра нерешено без голови 0:0, а јунак на дуелот е голманот на Курасао Елој Рум, кој имаше дури 15 одбрани. На овој начин Рум стана рекордер по бројот на одбрани на еден натпревар (за 90 минути) и го спречи фаворитот во дуелот Еквадор да дојде до победата.
Еквадор постојано напаѓаше,за разлика од Курасао, кој ретко се закануваше. Репрезентацијата од Јужна Америка на тој начин продолжи со слабата реализација откако и во квалификациите шест натпревари ги заврши без голови.
Во последното коло од групата Курасао игра против Брегот на Слоновата коска и со евентуална победа ќе обезбеди пласман во следната рунда, додека Еквадор ќе игра против фаворитот Германија.






