Инфлуенсерка одеднаш стекна слава, бидејќи личи на Халанд – не се роднински поврзани

Американската инфлуенсерка Ема Кејт Вилман стекнува сѐ поголема популарност, како што сѐ повеќе луѓе сфаќаат дека наликува на норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд… Па така, и фудбалерот се појави во нејзините коментари.
Ема се осврна на својата „популарност преку ноќ“, додавајќи дека и претходно ја споредувале со Халанд, иако „наездата“ од следачи се случува сега, откако пред неколку дена Норвешка го елиминираше Бразил од Светското фудбалско првенство. Девојката, имено, си објави обична видеолекција за француски плетенки на својот Инстаграм-профил, но сепак, фактот дека таа личи на познат фудбалер го привлече речиси целото внимание. Видеото досега собра речиси 33 милиони прегледи и повеќе од милион допаѓања. „Женската верзија на Халанд“, „Одличен гол против Бразил“, „Халанд, честитки за победата над Бразил“ – гласат некои од реакциите.
Халанд кратко напиша: „Чао“, додавајќи палец нагоре. Неговиот коментар има речиси два милиони допаѓања.
– Го забележав тоа дури кога се разбудив, тогаш видов дека (Халанд) коментирал на мојот Инстаграм! Тој има 54 милиони следбеници и реши да ми остави коментар! Светското првенство не е завршено. Можеби ќе купам билет за натпревар, рече Американката.
Инаку, според достапните податоци, тие двајца не се роднински поврзани.
Таа му е благодарна на алгоритмот оти нејзиното видео ги освои социјалните мрежи. Освен Халанд, вели и дека многу брендови ја контактирале, вклучувајќи го и „Адидас“, пренесуваат медиумите.






