Стевче Јакимовски се пријави во затвор за да ја отслужи казната

Екс градоначалникот на општина Карпош – Стевче Јакимовски доброволно се пријави во затвор за отслужување на казната од шест ипол месеци, информираа од партијата ГРОМ.

-Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова измислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош – велат од ГРОМ.

Според партијата, судот не ја зел предвид неговата здравствена состојба.

-На случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт. Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки не излечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права – велат од партијата.

Back to top button
Close