Не смеевме да го пропуштиме „супер вторникот“ за проширување на ЕУ

Денко Малески

Не смеевме да го пропуштиме „супер вторникот“ за проширување и никакви датуми во септември не се замена за изгубената шанса. Играчката од моето детство се викаше калеидоскоп: туба од цврст картон со шарени стаклени парчиња кои , при секој потрес, ја менуваа сликата; поголемите парчиња доминираа во секоја нова слика, а во процепите меѓу нив се распоредуваа помалите.

Така некако и со меѓународната политика, помислувам денес. Најопасните периоди, време кога се распаѓаат држави, како што покажаа настаните од деведесеттите, се оние кога се руши светскиот поредок. Повторно минуваме низ голем потрес како оној од деведесеттите. Униполарниот свет се трансформира во мултиполарен. Како истражувач на меѓународната политика, би можел да предвидам што им носи иднината на големите сили после крајот на „американската ера“ и за тоа сум пишувал често. Она што не би можел да го предвида, е колку тоа ќе трае и што ќе се случи, во меѓувреме, со мала држава како Македонија. Малите држави, имено, одат по острица на жилет и не смеат да згрешат во проценките на својот и на интересите на големите сили. Оти тој интерес е многу важен. Југославија, држава со несразмерно поголем углед во светот од нејзината големина и реална моќ, се распадна не толку затоа што тоа беше во интерес на некој, туку заради загубениот интерес на големите. Имено, со распадот на биполарниот свет, улогата на Белград како водач на движењето на неврзаните и „поштар“ меѓу САД и СССР исчезна.

Поуката од ова искуство е странските партнери да не загубат интерес за Македонија.Само декларации за нашиот интерес и посветеност кон членство во ЕУ не се доволни. Потребен е напор од наша страна да се разбере тој комплексен сојуз на европски држави и маките и предизвиците пред кои се наоѓа. Во спротивно, ако продолжиме да вргламе само за нашите маки, сојузот ќе изгуби интерес за нас. Од сопствено искуство ви велам: никој не сака адржава која само се жали без одлед колку била „во право“. Зарем не е така со луѓето со кои комуницираме во секојневието? Доказ дека влегуваме во опасната зона да бидеме игнорирани, дека ЕУ губи интерес беше нашето отсуство од листата од „супер вторникот“ на која Умијата ги наброја четрите земји со кои отвора или продолжува пристапни преговори, нас не немаше таму.

Да си налистата е мерката за успех на македонската надворешна политика. Наместо така да гледаме на работите, неуспешната македонска политика го компензира поразот со жестоки дебати за „европската агенда“ (најобична редица закони кои треба да се изгласаат во нашиот парламент) која, ете, сме ја исполниле во девет од десет точки.Работата ја менува само десеттата, неисполнетата: промена на уставот. Ова е надворешна политика, политика, не заборавјте. Решете го спорот со државата членка на ЕУ и тоа е, безмалку, целата реформска агенда. Се ќе ви простат и се ќе стане дел од процесот на пристапување. Токму како во случајот со Украина и со Молдавија каде што одлучи политиката. Што уште треба за да ги разбереме овие прости факти на реалната политика и да ја прекинеме битката со „правни ветерници“?

Ништо страшно, ќе речат. Толку пати не излажале со „ова е моментумот“, ни покажувале на рачните часовници дека ни истекува времето, па ништо драматично не се случи.

Тоа допрва ќе видиме: секогаш има прв пат за драматични настани, ако за таков не ги сметаме упропастени животи на стотици илјади луѓе кои тука, кои пребегнати востранство. И се заради отсуството на капцитет да и се придружиме на унијата во нејзините „златни времиња“. Ако, и денес,сме согласни дека интересот на ЕУ не држи на површина гледајте со какви опасности се соочуваме тој интерес да исчезне заради промените во меѓународната политика кои се многу веројатни. Идната година имаме избори во Франција а набргу потоа и во Германија. Какви идеи имаат Мари Лепен и Алтернативата за Германија за Унијата е познато. Да не заборавиме дека секоја од од нив има сопствена верзија на „брекзит“.Да не заборавиме дека секоја од нив се залага за дипломатија а не за војна со Русија што секако ќе се одрази врз побарувачката на нови членки на сојузот кој сега се држи на „руската опасност“ пропагирана од актуелното водство на Унијата. Да не заборавиме дека односите меѓу Америка и ЕУ се во длабока криза а дека последниот самит на НАТО во Анкара покажа отсутво на сериозни дикусии. Ако за сериозна тема не го сметаме понижувачкото додворување на Трамп и задоволувањето на неговото барање за зголемување на воените буџети заради купување американско оружје.Тие политики на Брисел и на Вашингтон не се по мој вкус. Но, малата држава мора и во вакви услови да мисли на својата иднина и безбедноста на своите граѓани.Големите теми како војната со Русија е во надлежност на големитте сили. Малата држава мора да стори се за да го задржи вниманието на единствениот глобален фактор, ЕУ, кој искажува некаков интерес за нас. За жал, немаме интелектуален и политички капацитет за да направиме пресврт.

Back to top button
Close