Летонија поради „технички причини“ ја затвори границата со Белорусија

Летонија ја затвори границата со Белорусија, изјави синоќа летонскиот министер за внатрешни работи Јанис Домбрава.

Тој наведе дека границата со Белорусија е затворена поради „технички причини“ и ги повика патниците да користат алтернативни патишта.

Летонија го затвори граничниот премин Силене со Белорусија во 2023 година поради бранот миграни, за која Рига тврди дека е организирана од Минск. Оттогаш функционира само граничниот премин Патерниеки.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close