Бројот на загинати од земјотресите во Венецуела надмина 6.000

Претседателот на венецуелскиот парламент Хорхе Родригез вчера објави дека бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија земјата во јуни се искачи на 6.125 луѓе, пренесува „Ројтерс“.

Според податоците што Родригез ги објави на „Телеграм“, речиси 61.000 луѓе биле згрижени во болниците, а досега биле отстранети само 16,5 отсто од урнатините предизвикани од земјотресите.

Вршителката на должноста претседателка, Делси Родригез, која ја поддржува американскиот претседател Доналд Трамп, ја бранеше реакцијата на владата, по критиките дека војската и официјалните претставници не направиле доволно за да им помогнат на жртвите.

На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два земјотреси со јачина од 7,2 и од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди.

По катастрофата, властите прогласија вонредна состојба, а меѓународната заедница испрати спасувачка и хуманитарна помош.

Back to top button
Close