Стоилковиќ: И во живо и на умреница сум поубав од СДСМ
08.08.2026 21:09
877 Читање помалку од 1м
Продолжуваат препукувањата, обвинувањата и навредите на релација СДСМ-Иван Стоилковиќ. Откако утрово опозициската партија порача дека „Стоилковиќ навредува – криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ“, министерот за локална самоуправа преку социјалните мрежи ја осуди објавата и порача дека политичката битка не треба да се претвора во ваков тип на навреди.

„Порака со умреница, баш очајно! И во живо и на умреница сум поубав од вас и не заборавајте, на крајот убавината секогаш го победува злото“, напиша Стоилковиќ. Во продолжение на објавата, тој ја означи и партијата, а дополнително додаде:
„Прво Мицкоски, потоа Латас, сега Стоилковиќ. Ист речник. Иста поделба. Иста стратегија. Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја“, рекоа, меѓу другото, денеска од СДСМ.






