Курти на црната листа?!

Косоварите мора да разберат дека не се дава срце на човек кој има потреба од мозок! Среќата, како и несреќата, најчесто е дело на личен избор. Антиамериканската политика на Курти, заснована на потрага по рај среде пеколот, директно влијае на сите во Косово!

Мерсел Биљали

Еден ден по посетата на украинскиот претседател Зеленски на Белград, Вучиќ објави дека неговата влада поканила експерти со цел промена на текот на реката Ибар на територијата на Србија. Според него, ова би било доволно за да се исцеди Ујманското езеро (Газивода). Ако ја следиме хронологијата на театарските претстави на север, предвиденото сценарио си наоѓа место како парче во поголем мозаик. Вучиќ сфати дека Вашингтон го смета Курти за нереформиран антиамериканец со голема антизападна токсичност, и кој скоро секогаш бара рај среде пеколот.

Запирањето на конститутивната седница на косовскиот парламент веќе беше проследено со физички пресметки меѓу пратениците. Во врска со законскиот рок за конституирање на Собранието, 14 граѓански организации се обратија до Уставниот суд со барање за толкување, откако Собранието не успеа да го заврши своето конституирање во уставниот рок. Групата од 46 интелектуалци и академици, преку отворено писмо, апелираат за формирање нови институции и заштита на уставниот поредок на државата, наведувајќи дека „политичкиот застој го детонира државниот поредок, и ја ослабнува демократијата и функционирањето на државата“. Но, ништо не е толку празно како што магаломан е полн со себе.

Албин Курти, како технички премиер на Косово, побара дополнително време, наводно за да постигне политички договор со други партии за избор на претседател на државата, меѓутоа на ваквото негово барање многумина гладаат како на нечесна игра за купување време кое веќе го нема на продажба. Опозициските партии бараат веќе започнатата седница да продолжи, и покрај фактот дека уставниот рок од 30 дена за конституирање на Собранието одамна е поминат. Но, понекогаш додека нормалноста настојува да го прави возможното, катастрофата го прави невозможното. Српскиот претседател Вучиќ се закани дека размислува да го промени текот на реката Ибар, со цел Косово да остане жедно! Вистински гром од ведро небо. Вели дека Албин Курти, со невидена ароганција ги крши клучните точки од Вашингтонскиот договор склучен во собата на Трамп.

Најдобрите американски експерти, во име на Министерството за енергетика на САД, подготвија студија за изводливост за Ујманското езеро (Газивода), со цел Косово, преку оптимизирање на користењето на овој воден ресурс, да обезбеди своја енергетска независност од Србија. Но, Курти качен наопачки на див коњ го откажа проектот „Kosova e Re” (Ново Косово), и ги игнорираше сите американски препораки. А неговите „ајвани“ беа воодушевени од неговото „херојство“ во „ослободување“ на Ујман (Газивода). Милитанти од партијата „Самоопределување“ на Курти, под полициска придружба и бројни камери, се капеа и сончаа во Ујман, бидејќи суверенитетот им дал право да се соблечат до долна облека и да пливаат преку езерото од едната до другата страна. Всушност, езерото Ујман се претвори во негов ептен голем „рибник“ и голема „суровина“ за лесни гласови, но и опасна тенка нишка помеѓу лажното бело лице и црната листа, ама со големи последици за самата држава Косово.

Албанија „вози“ за Брисел

Западната страна на Дрим полека се приближува кон Брисел, но источната страна влегува во темниот свет на изолацијата. Логиката на Курти – проколнете ги САД, проколнете го Брисел, проколнете ја Албанија, а благословете го Мицкоски, Хамнеи и Путин, е производ на негова крајно замаглена логика. Кај него разумот и логиката слабо се дружат. Особено ако „ајваните“ ти се публика. Таквата логика е поттикната од неподносливи фрустрации што ги создаде Курти кога ги избрка своите западни сојузници еден по еден. Продолжува да тера со полувистини, збунувајќи луѓе каде е едната, а каде е другата половина. Зборува за “добри односи со САД“, а нема стратешки дијалог, додека бомбардираната Србија сега интензивно води таков дијалог!

Политиката на Курти потсетува на спонтан абортус, оти плука по сите дваесет и пет години американски инвестиции во Косово. А Вучиќ на Трамп му ги бакнува чевлите, иако тој срамно го исфрли од резиденцијата Мар-а-Лаго како непоканет гостин во 2025 година. Потоа, бројни видеа кај што се тврди – „Трамп го исфрлил Вучиќ од салата на ОН“. Но, тој не се срами пак да затропа на вратата на Трамп. Му приредил на неговиот син најпријателски прием што можел со избор на прасиња по азбучен ред. А Курт гледа ѕвезди на небото и си мисли дека тој самиот е најсјајната ѕвезда на небото, а која никој друг не ја гледа.

За време на неговите мандати, Албин Курти, со невидена ароганција, „пукаше во срцето“ на една од клучните точки од договорот од Вашингтон. Да потсетиме дека најдобрите американски експерти, во име на Министерството за енергетика на САД, подготвија студија за изводливост за езерото Ујман (Газивода), со цел Косово, преку оптимизирање на користењето на овој воден ресурс, да обезбеди енергетска независност од Србија.

Курти не сака американски гас!

Курти е единствениот во целиот европски регион кој го избегнува американскиот проект за течен гас. Вели дека од лигнит ќе произведува гас! Изгледа неговите зборови го заобиколуваат неговиот мозок. Најповолно е да се развие западен енергетски коридор што ќе го донесе американскиот течен природен гас (LNG) до терминалот во Валона, потоа да се дистрибуира низ Албанија, Косово и пошироко. Таквиот проект би ја поставил Албанија во потенцијална позиција како точка за влез на енергија за Западен Балкан. Тука Албанија не би морала нужно да се натпреварува со Грција, туку би создала алтернативен коридор за снабдување на околни држави со енергија. Во моментов, Грција е во предност, бидејќи има постоечки терминали за течен гас, поголем пазар и развиена гасна мрежа. Но, Албанија има други предности. Близина до Косово, директен пристап до Јадранското Море и можност за поврзување со Италија преку гасоводот ТАП. Албанија, покрај течниот природен гас (LNG), има пристап и до ТАП (Трансјадрански гасовод) што носи гас од Азербејџан преку Турција и Грција, а Албанија е дел од овој коридор. Но, со Албин Куртистите на чело, Косово стана земја што ги отфрли сите западни иницијативи. Тој дури беше против учеството на Вјоса Османи во Мировниот одбор на претседателот Трамп. Самата Османи кажа дека некој од косовската влада испратил писмо до Трамп дека таа не го претставува Косово!

Сега Курти е осамен и не може да формира влада. А кој политички лидер на Косово се осмелува да влезе во коaлициона влада со него што има ароганција на Полифем со лилипутанска сила. Тој е блиску до црната листа од САД“, генерално се мислењата на многумина упатени во актуелните настани во Косово, а и поранешни западни дипломати на Балканот.

Ова „општество“ на радикални левичари и квази косовски исламисти се чини дека сака да ја жртвува својата татковина поради стариот и новиот гнев против Америка, против Западот, против капитализмот и либерализмот на дваесет и првиот век. Нејзините активисти го фалат Бога ама го следат ѓаволот. Од Албанците од Северна Македонија, тие увезуваат добра количина провинцијализам, извалкан сервилизам и без пресметливост во мозокот, кое многу пати ги надминува нивните претходници. Но, треба да се запомни дека двете извршни наредби од Бајден, прифатени од Трамп, дека Косово е национален интерес на САД и дека поединците што ќе го прекршат ова ќе бидат вклучени во Црната листа. „Во американските намери да го затворат „Газпром“ преку LGT, Косово остануваме на спротивната страна со тоа што не прифаќа течен американски гас“ – велат од партијата на Курти. Дури и бомбардирана Србија, која со години живее со Газпром, сега прифаќа американски гас, ама Курти се двоуми или триуми. Со ова, Курти влезе во друштво на групата непријатели на САД. Но, ако косовскиот народ продолжи да поддржува чуден водач, кој е на пат да ја дестабилизира целата земја, тоа е нивен избор. Секако со многу висока цена. Не му се дава срце на човек на кој има потреба за мозок. Дури и Вјоса Османи тврдеше дека Курти и членови на негова влада се третираат за црната листа. Благите американски санкции се само како предупредување. Курти ја нападна Вјоса поради неговата блискост со Трамп. Секој што ја сака државата би ја пофалил, но Курти се сака само себеси. Вучиќ само ја корист американската нервоза кон Курти – вели Крешник Чолаку, поранешен пратеник во албанскиот парламент. Не е случајно што Зеленски го понижи Косово на Курти токму од Белград. На потег е косовската опозиција која само обединета може да го острани тоа косовско опасно политичко чудовиште. И Сталин беше смирен кога рече „Јас сум обичен човек без Русија, но Русија без мене е ништо“!

 

 

Back to top button
Close