Петровска во Киев одликувана со орден од прв степен, кој Зеленски ѝ го додели додека беше министерка за одбрана
Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка во Собранието, Славјанка Петровска, денеска во Киев беше одликувана со Орденот на принцезата Олга од прв степен. Признанието ѝ е доделено од украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2023 година, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените капацитети на Украина во текот мандатот како министерка за одбрана на Северна Македонија.
Орденот ѝ го врачи Игор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина. Петровска му заблагодари на украинскиот претседател за одликувањето и порача дека Украина и Украинците можат и натаму да сметаат на нејзината принципиелна поддршка.

Покрај доделувањето на признанието, Петровска и Жовква разговарале и за актуелните потреби на Украина. Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател во оваа смисла изразил очекување дека Македонија ќе продолжи со поддршката за Украина и преку билатерални механизми и во рамките на меѓународните иницијативи.
„Ја цениме поддршката на Северна Македонија за формирање на Специјален трибунал за агресија против Украина и меѓународните напори за компензација на загубите предизвикани од Русија и со нетрпение очекуваме ратификација на релевантните меѓународни конвенции од страна на парламентот“, порачал претставникот на кабинетот на Зеленски за време на средбата со Петровска.
Жовква го актуализирал и прашањето за признавање на Холодоморот од страна на македонсиот парламент како геноцид врз украинскиот народ, оценувајќи го ваквиот потег како важен чекор кон враќање на историската правда. Се заблагодарл за досегашната поддршка на зејава во борбата на Украина против руската агресија.






