Критична состојба со пожарите во подрачјето на Улз, кај Мат, наредена евакуација

Сериозна е состојбата создадена од пожарот, кој изби и брзо се шири, над неколку села во административната единица, Улз кај Мат, североисточна Албанија.

-Поради ширењето на периметарот во радиус од 5 км, опасноста се приближи до домовите на неколку села. Наредена е евакуација на  жителите кои имаат домови во оваа област  бидејќи пожарот се движи кон нив. Ситуацијата останува  критична поради силниот ветер и сувата вегетација, објавија медиумите.

 

 

Според Министерството за одбрана иако на терен се голем број противпожарни, шумски работници, цивилни,  вооружени и волонтерски сили, невозможно е да се контролира пожарот. Областа е исполнета со чад што ја ограничува видливоста и претставува ризик од задушување за групите на терен.

Во гаснењето бил вклучен и хеликоптер на Министерството за одбрана, но засега не постои  можност да го спречи ширењето на пламенот. За утре е најавено засилување на гаснењето од воздух.

Денеска на територијата на земјата регистрирани се 27 пожари, 4 се активни се исто толку се под надзор. Сериозна е состојбата и на планината Дајти над Тирана, како и во подрачјето на Булќиза, област во близина на албанско –  македонската граница, подрачја каде пожарите беснеат со денови.

Back to top button
Close