Го пресретнале татко му и брат му, таткото нападнал и со сила го внел во возило каде продолжил да го тепа

Според информациите од МВР, на 1 септември во 13:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.С. (50) и М.С. (20), двајцата од Велес.

Претходно, 22-годишен жител на Велес пријавил дека бил пресретнат од неговиот татко Н.С. и неговиот брат М.С. Во еден момент, според пријавеното, Н.С. физички го нападнал, а потоа без негова согласност го внел во возило, каде што продолжил со физичкиот напад.

Двајцата биле задржани во полициска станица. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Back to top button
Close