ЗНМ реагира на дрското однесување на Бобан Милошески кон јавноста

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по пријава од новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Симоновска, испрати допис до продукцијата „Авалон“ во врска со начинот на кој сопственикот на продукцијата, Бобан Милошески, комуницираше со неа за време на денешната прес-конференција по повод концертот на Дејвид Гета во Скопје, кој се организира со државни пари по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.
Дурмиши нема информации дека откупувачите на земјоделски производи се здружиле во картел
„Несоодветниот тон, личните квалификации и потценувачкиот однос кон новинарите не се дел од професионалната комуникација што треба да постои меѓу организаторите на настани и медиумите“, велат од ЗНМ.
Новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања во рамки на својата работа, без оглед дали тие се пријатни или непријатни за соговорниците, а комуникацијата со нив треба да се темели на почитување на нивната професионална улога.
ЗНМ очекува укажувањето да придонесе ваквите ситуации во иднина да се избегнуваат и потсетува дека ќе продолжи да ги штити достоинството и професионалните права на новинарите.






