Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер околу 21:35 часот се случила на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на село Агино.

Според наводите на МВР, во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ управувано од М.М. (65) и автомобил „опел корса“ управуван од С.Н. (27) – двете со скопски регистрации. На самото место починале сопаниците во „опел корсата“ – В.Н. (49) и Л.М. (71) од Скопје.

„Л.Н. (48), сопатничка од возилото ‘опел корса’ се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот Б.Н. (28) и С.Н. (27) од Скопје се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, соопштија од МВР.

На местото на настанот е извршен увид од страна на екипа од СВР Кунамово, а по наредба на јавен обвинител возачот на „мерцедесот“ е приведен. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.

Извор: 360stepeni.mk

Back to top button
Close