Еурофарм Пелистер со висок пораз ја отвори Европската лига


Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз на домашен терен ја отворија новата сезона во Лига Европа, откако вечерва во Битола претрпеа висок пораз од шпанска Ла Риоха од 31-24.

Воведниот натпревар за македонскиот вицепрвак во групата Г почна катастрофално со серија од 5-0 на шпанскиот тим.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер возвратија со два гола едноподруго, но бројот на технички грешки се зголемуваше од минута во минута, а со тоа и предноста на Ла Риоха.

Шпанскиот тим на средина од првиот дел имаше водство од 12-4 и замина на полувреме со предност од 16-8.

Второто полувреме донесе игра гол за гол и шпанскиот вицепрвак рутински ја одржа високата предност до самиот крај на натпреварот.

Самоил Ристески и Павле Атанасијевиќ со по четири голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, кој во второто коло во групната фаза ќе му гостува на полски Вибжеже Гдањск на 6 октомври.

Back to top button
Close