Возач на тротинет удри во пензионерка во Скопје, тешко ја повреди и побегна

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Борис Трајковски“ со ул. „Емил Зола“ во Скопје, електричен тротинет удрил во 71-годишната С.В.К. од Скопје, по што возачот со тротинетот го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.В.К., констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот

Back to top button
Close