Норвешкиот пензиски фонд во загуба од 30 милијарди долари
Норвешкиот пензиски фонд во четвртокот објави дека го затворил третиот квартал со загуба од 278 милијарди норвешки круни (29,71 милијарди долари), со негативни резултати од инвестициите во обврзници.

Во првата половина од годината беше позитивен и изнесуваше 9,4 отсто, пред се благодарение на растот на вредноста на акциите на технолошките компании.
Приносот на фондот беше (во третиот квартал – оп. ред.) речиси неутрален, со благ негативен предзнак, бидејќи порастот на каматните стапки доведе до послаби резултати на нашите инвестиции во инструменти со фиксен доход, изјави заменик-извршниот директор Тронд Гранде.
Портфолиото на обврзници забележа негативен принос од 3,5 отсто, покажуваат резултатите.
Во портфолиото на акции, фондот забележа позитивен принос од скромни 0,5 отсто, а блиску е портфолиото на некотирани недвижности со принос од 0,4 отсто.
Приносите на капиталните инвестиции беа блиску до нула, но со големи разлики меѓу секторите, забележува Гранде. Најмногу пораснаа меѓу енергетските компании, додека секторите чувствителни на каматни стапки, како што се комуналните услуги и недвижностите, забележаа пад, според претставник на норвешкиот фонд.
Инвестициите во инфраструктурата за обновливи извори на енергија забележаа добар резултат, според приносот од 7,5 отсто, покажува извештајот.
На крајот на септември акциите сочинуваа нешто помалку од три четвртини од активата или 72,1 отсто, а обврзниците со 25,8 отсто. Учеството на недвижен имот е 1,5 отсто, а некотирана инфраструктура за обновливи извори на енергија е 0,5 отсто.
Вредноста на фондот на крајот на септември изнесуваше 22,014 милијарди круни и беше за 670 милијарди помалку од пред три месеци
Норвешкиот државен богат фонд, најголемиот од ваков вид во светот, управува со имот во вредност од 2,3 билиони долари, потсетува Ројтерс






