Малолетник нападнат од група врсници во Аеродром, случајот пријавен во полиција

Малолетник бил физички нападнат од група малолетници во скопската општина Аеродром, а случајот во полиција го пријавил неговиот татко, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата во СВР Скопје, 60-годишниот Г.И. на 23 октомври пријавил дека неговиот син бил нападнат претходната вечер, околу 21:30 часот. Од групата малолетници, таткото препознал еден од наводните напаѓачи.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

 

Back to top button
Close