Кристијано Роналдо е најдобриот добитник на „Златна топка“ на сите времиња!


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја доби наградата за најдобра „Златна топка“ (Ballon d’Or) во историјата – одлука донесена преку гласање на навивачите на веб-страницата.

По гласањето за најдобар фудбалер во светот за 2026 година, каде што наградата му припадна на Хари Кејн – фудбалерот на Баерн Минхен и капитен на англиската репрезентација – беше доделено и признанието за најдобра „Златна топка“ во историјата.

Во изборот беа вклучени сите досегашни добитници на „Златната топка“, откако ова најзначајно индивидуално признание за првпат беше доделено.

Роналдо ја има освоено „Златната топка“ вкупно пет пати. Наградата што ја доби во 2008 година – додека настапуваше за Манчестер Јунајтед, со кој таа година ја освои Лигата на шампионите по неверојатна сезона – беше избрана за најдобра.

По таа сезона, тој премина во Реал Мадрид во трансфер кој во тоа време беше најголемиот во историјата, станувајќи првиот што ја надмина сумата од 100.000.000 евра.

Второто место му припадна на Лионел Меси, за „Златната топка“ освоена во 2012 година.

Колку Роналдо и Меси се доминантни во споредба со другите фудбалери во историјата, покажува фактот што тие ги зазедоа првите 12 места, при што секое место се однесува на различна сезона.

Првиот фудбалер и добитник на „Златната топка“ на листата, кој не е Роналдо или Меси, е Роналдо Назарио, кој се наоѓа на 13-тото место за 2002 година.

Понатаму следуваат Кевин Киган (1979), Јохан Кројф (1974), Мишел Платини (1984), Франц Бекенбауер (1976)…

Back to top button
Close