Густа супа од карфиол

Поради својот неутрален и благ вкус, карфиолот е погоден за совршена основа на густи супи. Кремот за готвење ќе му даде гурмански шмек, лукот препознатлив мирис, а кимот доза на егзотика.

 

Состојки:

350 грама карфиол

150 грама моркови

1 компир средна големина

1 лажица сув зеленчук

10 грама путер

Ким и лукче( по вкус)

100 мл крем за готвење

1 лажица сок од лимон

1 лажичка магдонос

 

 

Подготовка:

 

Во малку посолена вода сварете ги карфиолот, морковот и компирот. Сварениот зеленчук исцедете го и зачувајте ја течноста за готвење. Уште топол зеленчукот исецкајте го во електричен сецко со додавање на течноста (околу 150 мл) во која се вареле. Сецканиот зеленчук вратете го во садот, додадете 600-700 мл од течноста во која се варени, сув зеленчук, путер, ким, лукче, крем за готвење и сок од лимон. Се вари кратко. Посипете со сецкан магдонос.

 

Фото: Magnific

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close