Патагониски мари, нанду и бели пауни пристигнаа во Скопје ЗОО по повод 100 години од основањето

Скопската зоолошка градина го збогати својот животински свет со нови жители, по повод големиот јубилеј – 100 години од основањето на Скопје ЗОО.

Во зоолошката градина пристигнаа патагониски мари, птици нанду, кокошести гуски, бели пауни и лебеди. Новите жители моментално се наоѓаат во задолжителен карантин, каде што добиваат соодветна грижа и ветеринарен надзор за безбедно да се приспособат на новата средина.

Од Скопје ЗОО најавуваат дека посетителите наскоро ќе имаат можност да ги запознаат новите животни и да уживаат во нивната убавина.

Со новите жители, зоолошката градина продолжува да го збогатува животинскиот свет и да се грижи за животните, одбележувајќи еден век постоење и посветеност.

Back to top button
Close