Зел пари од двајца гостиварци за да им обезбеди возачки дозволи без полагање
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј. од Скопје, осомничен за примање награда за противзаконито влијание, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, на почетокот на 2026 година, пријавениот искористил свое влијание и зел пари од две лица од Гостивар, ветувајќи дека ќе им обезбеди возачки дозволи без да се појават на постапката за нивно стекнување.






