Хакерски напади врз системите за ладење и во италијанските супермаркети и прехранбените компании

По хакерските напади врз системите за контрола на ладењето во италијанските супермаркети и другите компании од прехранбената индустрија владата денеска ќе одржи итен состанок на кој ќе присуствуваат и претставници на Националната агенција за кибербезбедност и разузнавачките служби.

Напади се пријавени во шест продавници на Сицилија, како и во една компанија од угостителскиот сектор во Тоскана и кај производител на замрзната храна во Емилија-Ромања.

 

Нападите во Италија уследија по слични инциденти во Белгија, Шведска, Луксембург, Холандија, Финска, Ирска и Естонија, каде хакерите од далечина ги менувале температурите на системите за ладење, кои достигнувале дури 50 степени Целзиусови.

 

Италијанската Националната агенција за кибербезбедност ги предупреди операторите во секторите за малопродажба, логистика на храна да проверат дали нивните системи за контрола и далечинска поддршка се изложени на интернет и, доколку е потребно, да ги изолираат од корпоративните мрежи.

Препорачаните мерки вклучуваат зајакнување на далечинскиот пристап преку ВПН и повеќе факторска автентикација, следење на привилегираните кориснички сметки, како и ажурирање на уредите за кои веќе не постои техничка поддршка.

Back to top button
Close