КРИК: Околу 370 милиони евра биле евидентирани во трезорот на Алта банка, но никогаш не стигнале таму
Најголемиот дел од околу 390 милиони евра, за кои српското обвинителство се сомнева дека Давор Мацура незаконски ги присвоил од Алта банка, никогаш физички не влегле во нејзиниот трезор, објави КРИК, повикувајќи се на наредбата за спроведување истрага.

Фото: принтскрин „Крик“
Според документот, околу 370 милиони евра биле книговодствено прикажани како примен промет од менувачницата „Алта пеј“. Обвинителството се сомнева дека парите всушност Мацура ги задржувал. Дополнително, речиси 17 милиони евра наводно биле физички изнесени од трезорот, без никаква евиденција.
Сомнежите се однесуваат на периодот од почетокот на 2020 до крајот на октомври 2026 година. За помагање се осомничени и двајца вработени.
КРИК посочува дека во наредбата не е докрај јасно како Мацура ги преземал недепонираните пари, каде тие се наоѓале и за што биле користени.
Меѓу предвидените сведоци се гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, претставници на банкарската супервизија и членови на раководството на банката.
Давор Мацура и двајцата соработници се во притвор. Неговиот адвокат Иса Спаховиќ изјави дека Мацура негира каква било вина





