“Ве молам не наседнувајте на хистеријата од СДС” – Конечно се огласи Мицкоски за Aлта банка
Секој штедач и доверител во Алта банка ќе биде обесштетен до последниот цент, дури и ако банката заврши во стечај, уверува премиерот Христијан Мицкоски.
Тој испрати порака до граѓаните да бидат спокојни за своите пари и да не подлегнуваат на паниката која, според него, ја создава опозицијата.
„Еве, ги гледам в очи преку камерите и ви кажувам дека секој граѓанин, секој доверител, до последниот цент ќе биде обесштетен. Ве молам, немојте да подлегнете на оваа хистерија што ја прави опозицијата“, порача Мицкоски.
Премиерот претходно посочи дека постојат две можни сценарија за Алта банка – да се најде нов сопственик кој ќе ја консолидира или, доколку не се обезбеди купувач, банката да замине во стечај.
Според него, меѓу 95 и 96 проценти од штедачите имаат влогови до 30.000 евра, кои се законски осигурени, додека за останатите тврди дека средствата ќе можат да се исплатат од имотот на банката. Алта банка Битола од 1 ноември е под привремена администрација на Народната банка, со ограничувања за повлекување и префрлање средства од сметките на клиентите






