Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

– Во маратонски меч што траеше 165 минути шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успеа да обезбеди полуфинале на Мастерс 1000 турнирот во Париз откако во четвртфиналето спаси две меч-топки и го совлада Тејлор Фриц со 2:1 во сетови. Првиот сет му припадна на Фриц со 7:6-12:10 на поени во тај-брејкот. Во вториот сет Американецот Фриц не искористи две меч-топки, по една во деветтиот и во десеттиот гем, а Алкараз ја реализираше третата сет топка за 7:5 во гемови во вториот сет.
Во решавачкиот сет Алкараз направи брејк во четвртиот гем и ја искористи првата меч-топка за 6:3 во гемови и пласман во полуфиналето.
Негов ривал денеска ќе му биде Каспер Руд од Норвешка, кој со 2:0 во сетови го победи Нуно Боржес од Португалија.
Во првото полуфинале ќе играат Лука ван Аше и Бен Шелтон.






