Напаѓачот од Краков починал во болница, соопшти полската полиција
Младиот напаѓач кој во саботата уби шест лица во центарот на Краков, во досега невидена масовна пукотница во Полска, почина во болница, соопшти полската полиција, цитирана од светските агенции.

„Известуваме дека сторителот на трагичните настани починал рано утрово во болница“, се наведува во објавата на полицијата на Икс.






