МВР во Макстил истражува еколошки криминал

-Полициски службеници од Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје по добиени оперативни информации и обезбедена наредба од јавен обвинител од ОЈО Скопје вршат контрола и преглед на примероци од почвата и одредени суровини за проверка на сомнение за евентуално сторени кривични дела од областа на еколошкиот криминал. По целосно завршување на активностите соодветно ќе ја известиме јавноста, одговорија од МВР за „Фокус“.






