„Стоп на кравите“ Паланчани во сабота на протест

Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат на протест поради нерешавање на проблемот со кравите кои неконтролирано се шетаат низ градот. Во повикот за протест се наведува дека ќе се блокира магистралниот пат, со почеток во 11 часот.

-Кривопаланчани, да се собереме во што поголем број и гласно да побараме трајно решение за добитокот што слободно се движи низ нашиот град, се наведува во повикот.

Од Агенцијата за храна и вертеринарство за вчера информираа дека досега се собрани 96 крави, а градоначалникот Сашо Митовски вели дека има уште околу 1.000, поради што уште пред две недели побара од Владата да биде прогласена кризна состојба од 30 дена, но досега нема никаков одговор.

Back to top button
Close