30 дена притвор за сопственикот на „Информер“

Второто основно јавно обвинителство во Белград предложи до судот на главниот уредник на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, да му се одреди притвор во траење до 30 дена, а судот го прифати тој предлог.
Адвокатите на одбраната побараа Вучиќевиќ веднаш да биде ослободен, а тој претходно ја изнесе својата одбрана и ја негираше вината што му се става на товар, пренесува „Информер“.
Тој е обвинет за кривичното дело предизвикување паника и неред во подолг временски период, како и за кривичното дело попречување на правдата.
Вучиќевиќ беше приведен вчера во близина на зградата на телевизијата „Информер“ и однесен во полициската станица „Вождовац“, каде што му беше одредено задржување во траење до 48 часа.
Денеска пред Палатата на правдата, а вчера пред полициската станица „Вождовац“, се одржаа собири за поддршка на Вучиќевиќ.






