Повредени лица во сообраќајна несреќа кај Ботун, паднато дрво го блокираше патот Охрид – Скопје

Сообраќајот на патниот правец Охрид – Скопје, кај селото Ботун, вчера беше во целосен прекин поради паднато дрво на коловозот и сообраќајна несреќа.

На истиот дел од патот патничко возило излетало од коловозот, при што биле повредени повеќе лица.

Во првичните информации не беше наведено колку лица се повредени, ниту каква е тежината на нивните повреди.

Причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа дополнително ќе се утврдуваат.

Back to top button
Close