Џабе ќе повикаме на мир, никој нема да не послуша?

Од МПЦ ни порачуваат денес: „Џабе ќе повикаме на мир кога никој  нема да не послуша. Без двоумење го осудуваме рускиот напад врз Украина и најдобро би било да престане таа лудорија. Меѓутоа тоа не зависи од нас. Гледате дека не ги слушаат и големите сили, а сигурно нема да не послушаат и нас.“ Џабе ќе повикаме на мир? Какава малодушност, помислив, и се сетив на една прекрасна приказна од древен Рим. Приказна која испирира на ангажман, на борба, на отпор против секое зло.

Еве ја приказната.

Уморниот воин во полна војничка опрема чекори по патеката кон својот дом. На земјата забележува едно врапче легнато на грб со ножињата кренати кон небото. Што правиш, го прашал воинот врапчето. Зарем не си слушнал дека денес небото ќе падне, одговорило врапчето. Па зарем ти ќе го спречиш тоа, се насмеал воинот. Навреденото врапче одговорило дека секој е должен да направи онолку колку што може.

Ја споделувам оваа приказна со читателите и со МПЦ во надеж дека ќе ги инспирира онака како што ме инспирира мене.

Денко Малески

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close