Адеми: Апсењето на Крешник Бектеши е класичен политички прогон

360°: Премиерот Мицкоски вчера рече дека колку повеќе функсцонери на ДУИ ќе бидат фатени во криминал, толку повеќе ќе се нагласува етничката реторика од ДУИ. И ако се следат работите, коинцидираат, на пример, со истрагата за Груби?

Адеми: Ете за Крешник да зборуваме, и за Груби можеме да зборуваме бидејќи за одлука на Владата некој да одговара… За одлуките на Владата, ако не се според Уставот, според законот, има Уставен суд, има Управен суд, но добро. За Крешник, сите знаат и ме радува фактот што народот е сплотен, затоа велам дека некој што сака да создаде јаз помеѓу Македонците и Албанците, тоа е само импортирана идеја, и сега тоа се покажа – и изјавите од Кочани на луѓето кои страдаа, кои рекоа дека стотина Албанци ми се јавиле да изразат соочуство итн. Народот е сплотен, народот не е поделен.

360°: Зошто мислите дека е политички мотивирано гонењето на Крешник Бектеши?

Адеми: И аматер што не знае право може да заклучи дека е така. Видете вака, што се случи во Кочани и со дискотеката „Пулс“ – уште од јули месец со блокирана сметка, во декември месец УЈП на контрола поради неиздавање на фискални сметки, остана енигма дали беше пломбирано или не, 25 декември организира настани, 30 декември настани, 31 декември настани, пиротехника секогаш таму се употребувала, малолетници, деца учествуваа, пријавени во полиција за тепачки, за проблеми, пријавено во полиција и дека се продавале наркотици… И што направиле овие институции, во меѓувреме министерот за внатрешни 14 месеци е на таа позиција, директор на Пазарен инспекторат 9 месеци, директор на УЈП 9 месеци, директор на Бирото за јавна безбедност 9 месеци, во Кочани луѓето знаат кој е тој соопственик и која политичка партија таму организираше настани. Што се случи со видеонадзорот бидејќи, нели, тие преживеале од целава случка, зошто не се објавува, дали во таа ноќ и претходно учествувале и полициски службеници таму, што со таа безбедностна агенција и врските на таа агенција со луѓето од власта, не може да ги обвинувате сите.

360°: Но и историски кој му овозможува на тој локал да функционира на тој начин?

Адеми: На кобната ноќ немаше каква било лиценца. Ние сега ако дебатираме за лиценцата, влегуваме во стапицата на ВМРО-ДПМНЕ околу некоја дискусија за лиценца, лиценца немаше воопшто повеќе од година.

360°: Алудирате на тоа дека и фалсификуваната лиценца била истечена 2-3 дена?

Адеми: Како функционирале со фалсификувана лиценца последната година, а оваа последна година ВМРО-ДПМНЕ е на власт? Што направиле институциите, да реагирале барем за бучавата.

360°: Сакате да кажете дека треба да одговарат тие што ја фалсификувале лиценцата, ама има одговорност и кај тие што не го отркиле тоа?

Адеми: И во промет кој ја пуштил таа фалсификувана лиценца. Видете вака, лиценцата се дава од Министерството за економија и министерот не е оперативен орган, метар да земе во рака и да ги мери сите локали.

360°: Имате ли информација за што точно е осомничен Крешник Бкетеши бидејќи не е јасно – дали за лиценцата која што е издадена 2021 г. и на која наводно стои неговиот потпис или за фалсификуваната од 2024 г.?

Адеми: Јас од тоа што видов од предлогот за притвор, мислам дека Крешник Бектеши е осомничен за нечинење, што е апсурдност. Треба да бидеме отворени и искрени, тој ден уште пред 9 часот сабајле почна да се гради, почна да се воспоставуваат столбовите на овој спин, наратив на Владата, но прво преку медиумите кои се блиски со власта. Почна да се дискутира за некаква лиценца која ја издал замисли министер на ДУИ, за се што се случува ДУИ е крив. Потоа попладне се виде дека таа лиценца не постои, односно не е важечка. Почнаа со некоја фалсификувана лиценца и фалсификуваните лиценци наместо да беа во рацете на истражните органи, тие беа во рацето на министерот за внатрешни, на премиерот, мавтаа пред камерите со закани за апсењеа – или ние или тие…

360°: Факт е дека има дилеми околу тоа како се води истрагата досега, правници излегуваа и ги кажуваа дилемите.

Адеми: Ова не е правда, ова е трансакција. Како е можно секој да е крив, само овие луѓе кои се дел од власта речиси една година да не се криви.

360°: Актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е меѓу осомничените.

Адемеи: Ептен поради јавноста, иако уживаше заштита тие денови од партијата. Партијата на власт го диригира целиот процес на истрагата не заради правдата.

360°: Ве видов со Бујар Османи, бевте на посета кај семејството на Крешник Бектеши за Рамазан Бајрам. Во каква состојба е Бектеши?

Адеми: Крешник е во одлична состојба бидејќи воопшто не чувствува вина за ова што се случува, напротив ова е класичен политички прогон. А во семејството на Крешник Бектеши имаа шестмина кои биле политички затвореници уште од времето.

360°: Да не ги споредуваме работите…

Адеми: Не, исто е.

360°: Прво, истрагата е во релативно рана фаза, до обвинение има сè уште време, но факт е дека има дилеми и ќе почекаме да ги видиме одговорите.

Адеми: Ајде да бидеме искрени и отворени пред јавноста. Имаше гласини дека оваа влада чека само момент да го затвори Крешник Бектеши и пред трагедијата. Кога имаме ваква партија каде што се и во улогата на полицаец, истражител, обвинител, судија, ти можеш да бидеш следниот виновен, осомничен за што било. Јас можам да бидам следниот осомничен и виновен, според оваа влада, за што било и тоа да се презентира – ете, ние војуваме против криминалот.

360°: Видовме дека тој процес на издавање лиценци бил целосно надвор од логичност, нормалност и очигледно е дека имало злоупотреби.

Адеми: Ама тој закон кој го донесе? ВМРО-ДПМНЕ во 2007 или 2008 г.

360°: Да не сте гласале и вие?

Адеми: Од 2007-2008 досега зошто не се појавила потреба да се смени? Сте го прочитале законот, точно дека и други органи по службена должност го известуваат Министерството за економија, и кога има согласност, Министерството за економија е должно да даде лиценца. Што вели актуелниот министер за економија, господинот Дурмиши, нели, истото го вели, тоа што ние го велиме. Ова не е правда, ова е транскација, класичен политички прогон.

360°: Останувате ли на иницјативата за формирање анкетна комисија во Собранието?

Адеми: Да, секако. Зошто некој да бега од анкетна комисија, каде ќе се набљудува од експерти на ОБСЕ, САД и ЕУ? Ајде да ја видиме вистината.

Back to top button
Close