Акцијата за аферата „Делчевски ниви“ била пробиена

Аферата „Делчевски ниви“, во која осомничени се вработени во ЕВН, но и луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, била пробиена предвреме, односно некој им дојавил на осомничените дека истражителите од Управата за финансиска полиција им се зад петици.

Како што дознава „Фокус“, дел од осомничените, еден ден пред да се влезе во нивните домови и да се изврши претрес, ги замениле своите мобилни телефони со нови.  Тие веќе биле повикани на разговор и дел од нив тврделе дека не се познавале меѓусебно, но, како што дознаваме, фотографиите, имејл-комуникацијата и листинзите од мобилните телефони го докажуваат токму спротивното.

Сомнителната препродажба на нивите во Делчевско, со вкупна површина од 150.000 квадратни метри, се случила на почетокот на октомври, или две недели пред првиот круг на локалните избори. Нивите, со вкупна површина од 150.000 квадратни метри, биле купени од физички лица и платени од 20.000 до 30.000 евра, а потоа експресно биле препродадени на ЕВН Електрани за неверојатни 1,6 милион евра.

Според извори на „Фокус“, алармот за аферата се вклучил кога дошло на ред да се плати данокот. Па, така во општината во Делчево се фатиле за глава кога за имот, на кој пазарната цена му била 2-3 милиони денари, бил продаден за над 95 милиони денари.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”

Back to top button
Close