Албанија се задолжи со 650 милиони евра, Рама најави реализација на планот „Албанија 2030“

– По задолжувањето со 650 милиони евра преку еврообврзница, албанскиот премиер Еди Рама рече дека неговата земја добила спектакуларен одговор и оти се подготвени за реализација на национален план „Албанија 2030“.

-Добивме многу добра вест од пазарите на капитал и факт е дека постигнавме резултат што многу охрабрува и што го гарантира новиот национален план „Албанија 2030“, за понатамошна економска и социјална трансформација, затоа што Албанија, за разлика од другите земји, се соочува со два удара по ред, како и нашата амбиција за силен напредок на економијата и вработување во наредните години,рече Рама.

Двата удара се катастрофалниот земјотрес кој земјата ја погоди на 26 ноеври минатата година и предизвика материјална штета од 1,2 милијарди евра,како и пандемијата со Ковид-19.

-Штом ќе бидеме подготвени, во наредните недели ќе биде претставен нов национален план, кој нема да биде програма за развој на хартија, а уште помалку стратегија во документ што потоа мора да се претвори во мерки, туку тоа ќе биде краткорочен, среднорочен и долгорочен акционен план, посочи тој.

Албанија на меѓународниот пазар се задолжи со 650 милиони евра , со каматна стапка од 3,625 проценти и рок на отплата седум години.

На попладневната прес конференција Рама отворено кажа дека има намера да биде во Владата уште два мандата.

На прашањето за укинување на даноците на малите бизниси, тој одговори дека овој бизнис ќе биде „светлото во очите на нашата влада до 2029 година“.

Редовните парламентарни избори во Албанија треба да се одржат наредната, 2021 година.

Back to top button
Close