Албанската ЦИК му го одзеде градоначалничкиот мандат на Белери, резибран градоначалник на Химара, осуден за изборна корупција

Албанската Централна изборна комисија (ЦИК) денеска донесе одлука со која ЦИК на реизбраниот градоначалник на Химара, Фреди Белери му се одзема мандатот, со што се дава можност шефот на државата на распише вонредни избори за градоначалник на ова приморско гратче.

-Нема никакво влијание од надвор. ЦИК го спроведува законот за декриминализација. Изборната комисија ги има сите овластувања да ја донесе оваа одлука, изјавил Илирјан Целибаши, претседател на комисија, објави Ора њуз.

Белери(52) на ланските локални избори, одржани на 14 мај, беше реизбран за градоначалник на Химара, 240 километри јужно од главниот град Тирана. Два дена пред изборите, тој беше уапсен под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (360 евра во тоа време) за да купи осум гласови, од кога е во притвор, поради што и не положи заклетва.

Албанскиот специјален апелациски суд на 25 минатиот месец на Белери, кој е припадник на грчкото малцинство, му ја потврди двегодишната затворска казна а денешната одлука на ЦИК се очекува дополнително да ги влоши тензиите со Грција.

Тој има двојно државјанство и освои место во Европскиот парламент, претставувајќи ја владејачката конзервативна партија Нова демократија, на изборите за ЕУ, одржани во јуни. На сите судски сеанси ги отфрлаше обвиненијата, а официјална Атина го опиша неговото притворање како политички мотивирано.

Грција ја повика албанската влада да го запре судењето на Белери, велејќи дека случајот може негативно да влијае на кандидатурата на Албанија за пристапување во Европската унија. Албанија, земја кандидат, е во процес на преговори за полноправно членство.

 

Албанската влада ги отфрли и тврдењата на Белери дека станува збор за политички процес, бидејќи бил кандидат на опозицијата и голем противник на „узурпацијата на имотот на Грците во Химара, од страна на властите“.

Премиерот Еди Рама во неколку наврати рече дека „владата не се меша во работата на независните судски инстанци и не може да стори ништо додека случајот е на суд“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close