Албанските демократи тврдат дека партијата на Трамп бара техничка влада во Албанија и оти „нон грата” за Бериша е веќе поништен

Генералниот секретар на албанската опозициска Демократска партија, Фљамур Нока, во гостување на А2 Си-ен-ен уште повеќе ја надополни перцепцијата на демократите дека администрацијата на Доналд Трамп ќе ја отстрани мерката „нон грата” за Сали Бериша.

Според него, Унијата на демократите на светот, чиј дел е и Републиканската партија на Трамп, изгласала резолуција со која се осудува режимот на премиерот Еди Рама, се бара формирање техничка влада во Албанија, а за Нока тоа значи дека одлуката за Бериша е неважечка.

Тој се пофали дека ДП веќе има најголема меѓународна поддршка.

– Унијата на демократските партии на светот усвои резолуција со која го осудува режимот на Еди Рама, кој ја загрозува правдата, а  ги осудува и апсењата на опозициското раководство. Оваа резолуција бара формирање техничка влада во нашата земја пред парламентарните избори. Овој сојуз е предводен од Републиканската партија на Трамп. Теоретски падна и одлуката за Бериша -“нон грата”. Ветерот на Трамп дува. Денес сме партија со најголема поддршка од меѓународниот фактор“, изјави Нока.

Тој е убеден во победата на демократите на општите избори што во Албанија ќе се одржат на 11 мај, додавајќи дека ќе освојат над 60 отсто од гласовите.

Back to top button
Close